Вајадолид го изненаи Виљареал

Во најинтересниот неделен меч од седмото коло од шпанското фудбалско првенство, Вајадолид како гостин го изненади Виљареал со 1:0.

Новиот прволигаш до победата дојде со голот на Суарез во 55 минута, токму позајмен играч од Виљареал, а десет минути пред крајот голманот на Вајадолид, масип одбрани пенал што го изведе Морено.

Во другите средби Хуеска и Гирона одиграа 1:1, додека Леванте славеше над Алавес со 2:1, а Бетис го совлада последниот Леганес со 1:0 со што се проби на првото место.

На табелата Барселона и Реал со по 14 бодови, Севилја има 13 бодов, Атлетико Мадрид со 12, колку има и Бетис.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.