Вајда: На Новак му е потребно моето присувство

Еден од тренерите на поранешниот светски  рекет број еден  Новак Ѓоковиќ, Маријан Вајда, истакна дека промената на стручниот штаб била голема промена за секој член во тимот.

Главен тренер на Србинот пред почетокот на сезоната стана Борис Бекер, кој не му донесе многу успех во почетокот на сезоната.

По неколку месеци пауза во Индијан Велс, Ѓоковиќ го следеше Вајда, а тој веднаш стигна до титулата.

“Можеби оваа сезона Новак не е на нивото на кое треба да биде. Има големи падови и подеми, но тоа може добро да влијае на неговиот тенис на долги патеки”, изјави Вајда.

Ѓоковиќ го ангажираше Борис Бекер за прв тренер, што беше причина Словакот помалку да го следи на турнирите.

“Очигледно дека ова е голема промена. Новак е навикнат да ме гледа во ложа, навиkнат е на моите методи на тренинг, советите за време на натпреварите и многу други работи. Очигледно е дека му е важно моето присувство, но ќе видиме како ќе се одвиваат работите во иднина. Мора да се навикне на други тренери освен мене, а тоа не е лесно и потребно е да помине време, додаде Вајда.