16.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Вакцината на „Фајзер“ се уште не е регистрирана во Србија, иако се користи од 24 декември

Досега се издадени две дозволи за увоз на оваа вакцина, на 17 и 30 декември, иако потврдата дека таа одговара на пропишаните барања, но не и дека е регистрирана од Агенцијата за лекови е од 11 јануари.

Вакцината на „Фајзер“ се користи во Србија само со дозвола од тамошната Агенција за лекови, но се уште не е регистрирана.

Ова, како што објавува А1.он го покажуваат податоците објавени на веб-страницата на Агенцијата, според кои потврдата дека вакцината одговара на пропишаните барања, но е нерегистрирана, е издадена на 11 јануари, иако првата дозвола за увоз на вакцината е издадена на 17 декември и тоа како нерегистриран лек, што одговара на интервентен увоз.

Втората дозвола за увоз е издадена на 30 декември, а како увозник се јавува Институтот за јавно здравје „ Д-р Милан Јовановиќ – Батут“.

Србија ја почна вакцинцијата на 24 декември, прва во регионот токму со вакцината на „Фајзер“, а прва ја прими премиерката Ана Брнабиќ.

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека договорените вакцини од Србија ќе се добијат со интервентен увоз и тоа што таа не е регистрирана во земјава не е никаква пречка.

Во меѓувреме, ќе се направат измени во Законот за лекови за да се одговори на барањето на „Фајзер“, за регострација на вакцината да аплицираат тие, а не преку локални посредници.

Премиерот Зоран Заев вчера изјав дека вакцините од Србија може да пристигнат најбргу во земјава во споредба со останатите начини на набавка.

„Сабајле повторно искомуницирав со премиерката Брнабиќ. Втора замолница пуштаат до ’Фајзер‘ во Њујорк за да ја дадат согласноста за да може да се извезат вакцините од Србија. Ние како Влада исто така неколку пати ургираме преку Министерството за здравство. Верувам дека тоа ќе биде одобрено“, изјави Заев.