Вакцината на „Џонсон и Џонсон“ може да се прими како засилувачка два месеца по првата

34

Европската агенција за лекови денеска соопшти дека вакцината против Ковид-19 на „Џонсон и Џонсон“ може да се користи како засилувачка доза два месеца по примената на првата доза.

„Комитетот на ЕМА (CHMP) заклучи дека засилената доза на вакцината против Ковид-19 на ‘Џонсон и Џонсон’ може да се земе најмалку два месеца по првата доза кај луѓе на возраст од 18 години и повеќе“, се вели во соопштението.

Во соопштението се додава дека вакцината на „Џонсон и Џонсон“ може да се даде и како засилувачка доза по две дози на вакцините „Фајзер“ или на „Модерна“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.