Вакцината против корона нема да биде целосно ефикасна, смета Фаучи

32

Главниот америкаснки епидемиолог Ентони Фаучи оценува дека вакцината против корона вирусот нема да биде потполно ефикасна.

Како што пренесува „Скај Њуз“, на онлајн семинарот на Универзитетот Браун изјавил Фаучи дека шансите вакцината да биде 100% ефикасна не се големи.

„Не знаеме колку ќе биде ефикасна – дали тоа ќе биде 50 или 60 отсто. Би сакал ефикасноста да биде 75 отсто или повеќе“, изјавил Фаучи.

Тој истакнал дека концептот на јавното здравство никогаш не смее да биде напуштен бидејќи е невозможно да се развие вакцина која е ефикасна до 98 отсто.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.