Вакцината „Спутник V“ дава силна заштита од омикрон варијантата на коронавирусот

Руската вакцина против коронавирус „Спутник V“, првата во светот која летото минатата година го доби одобрувањето од националниот регулатор, пружа силна заштита против сериозните симптоми и хоспитализации од омикрон варијантата на коронавирусот SARS-CoV-2, објави во петокот Рускиот фонд за директни инвестиции (РПФИ) наведувајќи ги резулатите од прелиминарната стидија на произведувачот на вакцината.

Коритестењето на другата верзија на вакцината наречена „Спутник Лајт“ како дополнителна или ткн „бустер доза“ помага во развивањето на посилен одговор на антителата на омикрон варијантата, се наведува во студијата на московскиот научн Институт „Гамалеја“.

Прелиминарните податоци од истражувањето на Институтот укажуваат дека ефикасноста на „Спутник V“ во комбинацијата со „бустерот“ „Спутник Лајт“ против омикронот би можела да биде поголема од 80 отсто.

Од РФПИ објавија дека прелиминарната лабораториска студија на Институтот „Гамалеја“ покажала дека „Спутник V“ покажува „виска активност во неутрализација на вирусот“ против омокрон сојот.

Руското министерство за здравство го препорачива „Спутник Лајт“ како дополнителна доза шест месеци по вакцинирањето со „Спутник V“.

Руската вакцина „Спутник V“ цела година одбиваат да го одобрат Светската здравствена организација (СЗО – WHO) и Европската агенција за лекови (ЕМА), со најновото образложение по речиси една година дека вакцината не е одобрена поради наводно нецелосната руска документација. Кремљ во вторникот објави дека сите податоци кои ги бара СЗО се испратени во Женева откако не биле испратени поради неспоразум.

„Навистина постојат одредени информаци кои допрва да бидат предадени за сертификување. Тоа сѐ уште не го сторивме бидејќи поинаку ги разбравме за кои информации станува збор и како да бидат предадени“, соопштија од Кремљ.