Вакцината за Covid-19 на „Biontech“ ќе биде готова за сертификација во декември

1177

Челниците на фармацевтската компанија „Biontech“, која соработува со американската „Pfizer“ во развојот на вакцина против новиот коронавирус, сметаат дека препаратот ќе биде подготвен за сертификација во декември годинава, изјави извршниот директор на германскиот производител Угур Шахин во интервјуто објавено во петокот во американскиот весник The Wall Street Journal.

Според Шехин, неколку милиони дози од вакцината може да бидат произведени и пред да се добијат одобренијата од регулаторните органи, а до крајот на следната 2021 година повеќе од милијарда дози. По сертификацијата, масовното производството на вакцината може брзо да започне во Европа, САД и во други земји, додава.

Шахин додава дека „Biontech“ очекува да ја започне последната фаза од тестирањата кон крајот на јули. Во тој период мора да се утведи дали препарот е ефикасен против коронавирусот. Сигурноста на неговата употреба веќе е потврдена, уверува челникот на производителот. Во тестирањата ќе бидат ангажирани околу 30.000 лица, додава Шахин.

„Верувам дека ќе завршиме со вирусот, семо тогаш кога повеќе од 90 отсто од светската популација ќе има имунитет, развиен или како резултат на заболување или преку примање на вакцината“, додава директорот на „Biontech“.

Според него, дури и доколку вакцината ја произведуваат неколку компании, ќе бидат потребни околу 10 години за доволен дел од светската популација да развие имунитет на новиот коронавирус.

Како што истакнува Шахин, според првичните сознанија, примената на препаратот не доведува до сериозни несакани ефекти и овозможува „развивање повеќе антитела отколку што се фиксирани кај луѓето кои се оправуваат по заболувањето со Covid-19“.

Зборувајќи за обидите на разни компании да создадат вакцина, Шахин истакнува дека „светото никогаш не развил толку брзо нова вакцина“. Констатира притоа и дека „вакво брзо ширење на заразата никогаш досега немало“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.