Вакцинирањето против коронавирусот во Русија ќе биде доброволно

Вакцинацијата против коронавирусната инфекција во Русија ќе биде доброволна, но граѓаните покажуваат голем интерес за вакцината, изјави во средата министерот за здравство, Михаил Мурашко.

„Вакцинацијата ќе биде доброволна, но ние гледаме дека интересот на населениетто за тоа е многу голем“, рече министерот Мирашко во интервијото на телевизијата Россия-1.

Министерот притоа потсети дека при крај се клиничките испитувања на вакцината против коронавирусот која ја развиваат Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија, како и дека државниот институт за вирологија и биотехнологија „Вектор“ добил дозвола за спроведување на клиничките испитувања на вакцината на волонтери.

„Овие два кандидата за вакцини сега фактички се на исто ниво на напредок, во напорите да се осигури безбедноста на земјата“, додаде министерот.

Во Русија, според официјалните податоци на федералниот оперативен штаб за борба против коронавирусот, до саботата се регистрирани 806.720 случаи на зараза, со што земјата е меѓу водечките во светот. Од вкупната бројка, досега оздравеле 597.140 пациенти, додека во 13.192 случаи имало смртен исход поврзан со Covid-10.