Вакцинираните граѓани во Србија ќе добијат дигитален ковид сертификат од 1 мај

36

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ соопшти дека од сабота, 1 мај, сите граѓани што се вакцинирани, ќе добијат дигитален ковид сертификат, јави дописникот на МИА од Белград.

-Благодарение на ИТ системот, можеме да имаме целосно електронски ковид сертификати – изјави Брнабиќ.

Таа додаде дека Србија ги споделила своите сертификати со Светската здравствена организација (СЗО), како и со некои други земји, наведувајќи дека верува дека тие земји ќе ги прифатат сертификатите.

Според Брнабиќ, во Србија две дози вакцини против коронавирусот примиле 25,6 отсто од граѓаните, односно 1.462,125 лица.

– Имунизирани се, односно поминале две недели од примање на втората доза на вакцината или пет недели во случај на примање на вакцината Астра Зенека вкупно 1.261.974 или 22 отсто лица – рече српаската премиерка.

Како што оцени, постојат големи разлики во бројот на вакцинирани меѓу различни градови, наведувајќи дека најголем број вакцинирани има во Белград (над 600.000).

Брнабиќ кажа и дека меѓу хоспитализираните низ Србија, кои се нешто помалку од 5.000, 98% од нив не биле вакцинирани.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.