Вакцините и лековите се помалку ефикасни против новите соеви и мутации на коронавирусот

Вакцините и антителата кои се користат во превенцијата односно лекувањето на Covid-19 се помалку ефикасни против новите мутации и соеви на коронавирусот SARS-CoV-2, особено од мутациите кои се појавија на новиот сој на вирусот идентифукуван во Јужноафриканската Република, покажуваат некоку научни студии објавени изминатите два дена.

Најпозитивната вест ја објави во средата американската фармацевтска компанија „Pfizer“, според којашто вакцината којашто таа ја создаде со германската биотехнолошка компанија „BioNTech“ против коронавирусот, губи само малку од ефикасноста против вирусот произведен со трите клучни мутации откриени во јужноафриканскиот сој на SARS-CoV-2.

Научниците од Универзитетот Коламбија, претходно во средата, објавија студија според којашто антителата создадени по вакцинирањето значително се помалку ефикасни против јужноафриканската варијанта на коронавирусот.

Во лабораториските тестови антителата на компанијата „Eli Lilly and Co“ биле неефикасни против јужноафриканскиот сој, според студијата објавана во вторникот на интернет порталот bioRxiv а пред истражувањето да има научна рецензија. Против истиот сој и антителата произведени во „Regeneron“ не биле ефикасни, пренесува Reuters.

Компанијата „Pfizer“ својата студија ја спровела во соработка со научници од Универзитетот Тексас и таа ја нема минато научната рецензија. Според редултатите од ова истражување, забележано е речиси двојно помал титар на антителата што покажува дека вакцината веројатно била ефикасна во неутрализирањето на вирусот во ткн мутации E484K и N501Y кои се карактеритични за јужноафриканскиот сој на вирусот.

Студијата е спроведена на примероци од крвта на луѓе кои ги примиле вакцините. Резултатите се ограничени, бидејќи не го анализираат целосниот дијапазон на мутациите на јужноафриканскиот сој на коронавирусот SARS-CoV-2.

Иако овие наоди не покажуваат дека е потребно да се работи на нова вакцина која би одговорила на новите соеви на коронавирусот од „Pfizer“ и „BioNTech“ изразуваат подготвеност да реагираат доколку варијанта на SARS-CoV-2 покаже дека „бега“ пред имунолошкиот одговор кој го создава сегашната вакцина против Covid-19, објави компанијата „Pfizer“.

Научниците во моментов развиваат вирус со сите мутации на јужноафриканскиот сој ио чекуваат дека ќе имаат резултати за две седмици, според Пеи-Јонг Ши, автор на студијата на Универзитетот Тексас.

Овие резултати се поохрабрувачки од резултатите од друга студија објавена во средата на Универзитетот Коламбија, којашто исто така сѐ уште не ја минала научната рецензија. Според ова истражување, со поинаква метода се покажало дека антителата чиешто создавање го поттикнува вакцината, значително се помалку ефикасни против јужноафриканскиот сој.

Една од можните причини за различните резултати од студиите е што истражувањето на „Pfizer“ се засновало на произведен коронавирус, а истражувањето на Универзитетот Комалбија на псевдовирус, односно различен вид вирус, вели професорот Ши додавајќи дека резултатите постигнати со псевдовирусот мора да се потврдат на вистинскиот вирус.

Студијата на „Pfizer“ покажува дури и подобри резултати против неколкуте клучни мутации од високозаразниот британски сој на коронавирусот, вели професорот Ши и додава дека работат на производтво на вирус со целосен распон на мутациите на британскиот сој на SARS-CoV-2.

Антителата на „Eli Lilly and Co“ бамланивимаб минатата седмица се покажале способни да го намалат ризикот од Covid-19 за 80 отсто кај пациентите во домовите за стари лица, но не биле ефикасни против јужноафриканскиот сој, според лабораториските испитувања во кои се користел псевдовирус со мутации откриени кај двата соја од вирусот.

Во комбинација со лекувањето кое го развила компанијата „Shanghai Junshi Biosciences“ и натаму активноста против псевдовирусот била многу ограничена, се наведува во студијата на научниците од Универзитетот Коламбија.

Активноста на терапијата со антителата на „Regeneron Pharmaceuticals Inc“ била запрена при средбата со јужноафриканскиот сој, бидејќи едно од две антитела било „стопирано“, иако коктелот останал делотворен.

Тестовите на крвата на луѓе кои ги примиле вакцините на „Pfizer“ и на „Moderna“ покажале дека антителата, кои се произведени по поттик од овие вакцините, се помалку ефикасни против јужноафриканскиот сој, иако „Moderna“ оценува дека верува оти нивната вакцина и натаму дава заштита.

„Во смисла на мутациите, вирусот се движи во правец кој би можел да заврши со негово бегство од нашите сегаши терапевтски и профилактички интервенции. Доколку наглото ширење на вирусот продолжи и акумулира повеќе псевдомутации, тогаш можеби ќе бидеме осудени на постојан лов на променливиот SARS-CoV-2, како и во случајот на вирусот на грипот“, пишуваат научниците.

Од компаните „Eli Lilly and Co“ и „Regeneron Pharmaceuticals Inc“ претходно оваа седмица објавија дека работат на нови верзии на своите лекови со коишто ќе одговорат на новите соеви на коронавирусот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.