Вакцините не се толку ефикасни против јужноафриканскиот коронавирус

Податоците добиени од клиничките истражувања на две вакцини против Covid-19 покаживаат дека сојот на коронавирусот идентификуван во Јужноафриканската Република ја намалува нивната ефикасност во заштитата од болеста, истакнувајќи ја потребата од што побрзото вакцинирањето на голем број луѓе, предупредуваат научниците

Вакцините на американските компании „Novavax Inc“ и на „Johnson & Johnson“ се поздравени како важно орудие на иднината во намалувањето на бројот на починатите и хоспитализираните во пандемијата на коронавирусот повеќе од кој се заразија повеќе 101 милиони луѓе во светот и однесе повеќе од 2,2 милиона животи.

Меѓутоа, овие вакцини се значително помалку ефикасни во спречувањето на Covid-19 кај испитаницте во Јужноафриканската Република, каде што овој позаразен сој од оригиналната варијанта на коронавирусот SARS-CoV-2 во споредба со земјите во кои оваа варијанта сѐ уште е ретка, според прелиминарните податоци кои ги објавија споменатите фармацевтски компании.

„Очиглено, мутациите влијаат на падот на ефикасноста на вакцината. Може да се види дека пред нас ќе има предизвици“, изјави најголемиот виролошки американски авторитет и директор на Националниот институт за алергии и заразни болести, др Ентони Фаучи.

Во четвртокот „Novavax“ извести дека податоците собрани на половината од истражувањата покажале дека вакцината во 50 отсто е ефикасна во спречувањето на Covid-19 меѓу населението во ЈАР. За споредба, според податоците од завршната фаза од истражувањата во Велика Британија, вакцината била до 89,3 отсто ефикасна во спречување на развој на болеста Covid-19.

Во петокот „Johnson & Johnson“ објави дека една доза од нивната вакцина била во просек од 66 отсто ефикасна во истражувањата спроведени на три континента. Меѓутоа, разликите меѓу регионите биле големи.

Во САД, каде дури оваа седмица се потврдени првите случаи на јужноафриканскиот сој на коронавирусот ефикасноста достигнала 72 отсто, за разлика од Јужна Африка каде што ефикасноста била само 57 отсто. Во ЈАР овој нов сој е познат како B 1.351 и прави 95 отсто од сите случаи на коронаинфекиции, според ова кличничко испитување.

Другиот високозаразен сој на коронавирусот, првпат идентификиван во Велика Британија и сега потврден во повеќе од половината од американските сојузни држави, бил помалку успешен во „бегството“ пред вакцината на „Johnson & Johnson“ во однос на јужноафриканскиот сој.

Новите откритија го поставуваат прашањето и за ефикасноста на вакцините на „Pfizer/BioNTech“ и „Moderna“ против новите соеви на SARS-CoV-2. Овие две вакцини наводно имале ефикасност од околу 95 отсто во истражувањата спроведени во САД пред појавата на новите соеви на вирусот во другите земји.

„Ова сега е поинаква пандемија“, вели др Ден Баруш, научник од медицинскиот факултет на Униврзитетот Харфард, кој учествувал во развојот на вакцината на „Johnson & Johnson“

Баруш вели дека сега циркулираат мноштво нови соеви на коронавирусот, како што се оние во Велика Британија, Јужноафриканската Република и Бразил, па дури и во САД, коишто се значително поотпорни на антителата кои се развиваат на поттикот на вакцините.

Извршниот директор на „Pfizer“, Алберт Бурла, смета дека постои „голема можност“ дека поради појавата на новите соеви, вакцината со текот на времето станат неефикасна.

„Тоа сѐ уште не е случај…, но мислам дека е многу голема веројатноста дека еден ден тоа ќе се случи“, изјави Бура на Светскиот економски форум во Давос. Неговата фармацевтска компанија во овој момент разгледува дали треба да се модификува вакцината за да може да пружи сигурна заштита од јужноафриканскиот сој на коронавирусот.

Експертите истакнуваат дека сите споменати четири американски вакцини сѐ уште имаат голема вредност во борбата против развојот на тешки форми на Covid-19.

„Целта на играта е да се запре умирањето, да се спречи болниците да запаѓаат во кризи и сите овие вакцини, дури и против јужноафриканскиот сој, се чини дека во значителна мера успеваат во тоа“, оценува др Амеш Адаља, стручњак за заразни болести при Универзитетот „Џонс Хопкинс“.

На пример, вакцината на „Johnson & Johnson“ била во 89 отсто од случаите успешна во спречувањато на тешката форма на болеста во Јужна Африка.

Главниот научник во „Johnson & Johnson“, др Пол Стофелс, вели дека е убеден оти Т-клетките на имунолошкиот систем играат заштитна улога и можеби помагаат во спречувањето на потешката форма на Covid-19.

Фаучи, пак, вели дека падот на ефикасноста на вакцините ја истакнува потребата новите соеви внимателно да се следат и да се забрза вакцинирањето пред појава на новите поопасни мутации.

„Најдобриот начин за спречување на натамошниот развој на вирусот е да се спречи неговото размножување, а тоа се постигнува со вакцинирањето на луѓето што е можно побрзо“, вели Фаучи.