Вакцините „Спутник В“ не стигнале што беа планирани за крајот на мај, Филипче ќе бара објаснување од Амбасадта на Русија

уските вакцини „спутник В“, кои требало да стигнат во земјава до крајот на мај, не стигнале, па здравствените власти очекуваат информација од Амбасадата на Руската Федерација во врска со дистрибуцијата. Во првите десетина дена од јуни, како што беше најавено и вчера, се очекуваат и кинеските од „Синовак“.

Сепак, и покрај тоа што се „ситни“ бројот на вакцини за прва доза, министерот Венко Филипче тврди дека имунизацијата нема да запре и повторно ги нагласи најавените донации од Бугарија и Грција, како и количините од „Фајзер“ (преку ЕУ и од директниот договор со компанијата) кои пристигнуваат на неделно ниво.

„За ’спутник‘ и ’Синовак‘ сè уште немаме точни датуми. ’Спутник‘ беше најавено дека ќе биде на крајот на мај, но не стигнаа, вчера разговарав со рускиот амбасадор и зеде обврска да искомуницира со институтот во Москва и да даде повратни информации. Најавата за ’Синовак‘ е за почетокот на јуни и така кажаа дека првите десетина дена треба да ги очекуваме. Имунизацијата нема за запре, завчера стигаа вакцините на ’Фајзер‘, тие ќе бидат дистрибуирани. Во текот на неделата очекуваме и други вакцини да стигнат, пред сè од Бугарија, понатаму и од Грција. По веќе поставениот механизам тие ќе се распределат и вакцинацијата ќе продолжи. Секако намалување на притисокот во однос на интересот, на бројот на пријавени луѓе, значајно очекувам кога ќе пристигнат вакцините на ’Синофарм‘. Тогаш таа количина ќе се распредели во сите вакцинални пунктови“, рече Филипче.

Најавените донации од 70 000 (50 000 од Бугарија и 20 000 од Грција) најверојатно ќе бидат вакцини на „Астра Зенека“, а министерот тврди овие вакцини сепак ќе се искористат зашто сè уште има граѓаните над 60 години кои не се вакцинирани.

„Мислам дека сè уште има бројка на граѓани кои се над 60 години, а не се вакцинирани. Ние имаме околу 42 проценти вакцинирани граѓани од вкупната популација над 65 години пријавени и вакцинирани. Меѓутоа, со кампањата која чекаме да се засили, очекуваме уште да се пријават поголем број граѓани. Значи сè уште не се сите вакцинирани и тие вакцини воопшто нема да бидат неискористени“, изјави Филипче..