Валадовци утре ќе гласаат за или против рудникот Казандол

Жителите на Валандово побараа да се запре со изградбата на рудниците на нивната територија. По успешната иницијатива и по подолги перипетии во Советот на општината, во Валандово утре ќе се гласа.

Валандовце се плашат за своето земјоделско прозиводство, за смоквите, калинките, јапонските јаболка, грозјето… и нивниот пласман. „За да се задоволат апетитите на еден инвеститор треба да се доведе во прашање егзистеницјата на десетици илјади земјоделци. Не знам со кој памет некој дозволи да се отвара рудник во зелена оаза“, велат иницијаторите на референдумот.

Граѓаните на Богданци, Дојран и Гевгелија веќе се изјаснија против изградба на новите рудници во овој земјоделски крај.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.