Валандовчани се жалат на реваншизма од власта

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во средата рпестојуваше во Валандово, каде што го посети пазарот каде денес денеска  е пазарен ден о оствари средба со  граѓани кои со него ја споделија својата мака и секојдневните проблеми.

-Чичко Петре кој го прехранува семејството од продавање на земјоделски производи, човек кој освен годините, му натежнала и тешката сегашност, вели „на сите пазарџии ни ја зголемија таксата за 7 пати повеќе. Плаќаме 7 пати повеќе во споредба со порано, ништо не останува за мене и бабата, а камоли нешто за внучињата да им подарам“. Сите останати кои ги сретнав со истата порака. Велат животот е се поскап и поскап, луѓето немаат пари, а Валандово е заборавено од владата. Како да не постои.

Се сретнав и со младите од Валандово, велат на прсти можеме да се преброиме. Секој гледа како да ја напушти државата, партискиот реваншизам стигнал и во Валандово, па велат неистомислениците со власта е незамисливо да се вработат. Им порачав дека тоа мора да се смени. ВМРО-ДПМНЕ ќе има обзир и за младите, и за повозрасните, фер услови и шанса за развој на секој кој поседува способности и квалитет, напиша Мицкоски на својот Фејсбук профил.