Валенсија е новиот клуб на Ненад Димитријевиќ

Специјализираниот кошаркарски сајт „Еуробаскет“ тврди дека Ненад Димитријевиќ се договорил со Валенсија, тоа ќе биде неговиот нов клуб.
Хувентуд станува минута за Ненад Димитријевиќ, македонскиот кошаркар прави чекор напред во кариерата, негова следнат дестинација ќе биде Валенсија која настапува во Евролигата.
„Валенсија го засили тимот со 22 годишниот македонски играч Ненад Димитријевиќ. Тој е нивното второ засилување откако претходно потпишаа со Црногорецот Бојан Дубљевиќ“, пишува порталот „Евробаскет“.
Димитријевиќ има уште една година од актуелниот договор со Хувентус, па веројатно Валенсија ќе треба да плати и одредено обесштетување за неговиот ангажман.