Валенсија се жали во УЕФА против Шпанската фудбалска федерација поради предлогот за останување на тековната табела

Раководството на шпанскиот фудблски клуб Валенсија поднесе тужба до УЕФА против Шпанската фудбалска федерација. Клубот е незадоволен од предлогот да се задржи сегашната табела, доколку сезоната не заврши, објави „Марка“.

Со сегашниот пласман, Валенсија можеби нема да игра во евро-куповите следната сезона. Тимот го зазема седмото место на табелата, барајќи го последниот билет во Лигата на Европа заедно со финалистот на шпанскиот куп Атлетик.

Првенството во Ла Лига е прекинато поради пандемијата на коронавирус.

Доколку се донесе таква одлука, Барселона, Реал Мадрид, Севиља и Реал Сосиедад ќе играат во ЛШ, Хетафе и Атлетико Мадрид ќе играат во Лигата на Европа. Третиот билет за ЛЕ во оваа ситуација се уште не е познат, а ќе го добие или Валенсија,или Атлетик Билбао, кој треба да игра во финалето на Купот на Шпанија против Реал Сосиедад.

Секако, одржувањето на преостанатите натпревари од сезоната останува приоритетна опцијан но федерацијата реши да ја разгледа и варијантата првенството да не се доигра.