Валенсија во Лигата на шампионите, Хетафе во Лига Европа

Фудбалерите на Валенсија изборија пласман во Лигата на шампионите откако во средбата од последното 38-мо коло на гостувањето го совладаа Реал Вајадолид со 2;0, додека Хетафе и Севилја ќе играат во Лига Европа.

Барселона одамна ја осигури новата титула, а мадридските клубови Атлетико и Реал пласманот во Лигата на шампионите на второто и третото местио. За последното место во најсилното континентално натпреварување во последното коло се бореа Валенсија, Хетафе и Севилја, а на крајот настојувањата ги остварија „Лилјаците“.

Валенсија единствената од трите екипи самата решаваше. Секаква победа во Вајадолид ѝ ја носеше четвртата позиција на табелата и на крајот со 2:0, со головите на Карлос со лер во 36 и Родриго во 52 минута.

Хетафе одигра 2.2 против Виљареал, а Севилја дома со 2:0 го совлада Атлетик Билбао, но тоа не им беше доволно. Хетафе и Севилја ја завршија сезоната со по 59 бодови, но Хетафе беше подобар во меѓусебните соочувања, па го освои петтото место.

Во претходно одиграниот меч Леванте и Атлетико Мадрид одиграа 2:2.

Вечерва играа Алаес – Жирона, Селта Виго – Рајо Ваљекано и Хуеска – Леганес. Реал Мадрид и Барселона сезоната ќе ја затворат в недела со мечевите против Реал Бетис, односно Еибар.