„Валета“ му понуди двегодишен договор на Болт

Шампионот на Малта, „Валета“ му понудил двегодишен договор на атлетската легенда, Јусеин Болт, кој во моментов е на проба во австралискиот прволигаш „Централ Коуст Маринерс“. Јамајчанецот пред една недела одигра одличен натпревар, прв на кој беше стартер и постигна два погодоци. „Централ Коуст Маринерс“ во недела го почнува првенството во најквалитетната австралиска лига, а Болт до јануари е на проба, по која ќе биде познато дали ќе му понудат професионален договор.

За управата на австралискиот клуб состојбата со Болт е јасна и тој редовно си ги извршува обврските.

Спортскиот директор на „Валета“, Гастон Слимен истакна дека тие сакаат да го донесат Болт пред натпреварот од Супер Купот на Малта на 13 декември. Малтежаните од неодамна добија нов спонзор од Обединетите Арапски Емирати, па клубот има амбиции да игра во Лигата на шампионите

Шампион е секогаш добредојден во „Валета“ и веруваме дека ништо не е невозможно, рече Слимен.

Болт пред доажањето во Австралија рече дека одбил понуди од клубови од Шпанија и Франција бидејќи не настапуваат во насилните лиги, но и дека не сакал да ули нови јазици.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.