Валс: Франција треба да се подготви за нови напади

Валс: Франција треба да се подготви за нови напади
Валс: Франција треба да се подготви за нови напади

Франција треба да се подготви за нови напади, изјави денеска францускиот премиер Мануел Валс.

Тој нагласи дека следните денови и недели терористите може повторно да извршат напади во земјата.

– Ние долго ќе живееме со тие закани, треба да бидеме подготвени за тоа, рече Валс во интервју за радио Ер-Те-Ел.

Според Валс, нападите во ноќта меѓу петокот и саботата во Париз биле „организирани, осмислени и планирани на територијата на Сирија“.