– Ширењето на Европската унија не може да продолжи во недоглед иако балканските држави на крајот ќе може да се приклучат. Сепак државите членки ќе мора во еден момент да кажат стоп, изјави францускиот премиер Мануел Валс на заедничка прес конференција со претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер.
– На сите на ум ни е прашањето за Турција…Лицемерието по прашање за нивното членство треба во еден момент да се прекине, додаде Валс.