Валверде и официјално тренер на Барселона

148

Шпанскиот фудбалски стратег Ернесто Валверде во понеделникот и официјално беше промовиран во нов тренер на каталонскиот гигант Барселона.

Валверде веќе од претходно беше означен како наследник на Луис Енрике,кој во трите сезони минати на клупата на Барселона на клубот му донесе девет трофеи. Доаѓањето на Ернесто Валверде во понеделникот го потврди и претседателот на Барселона, Жосеп Марија Бартомеу.

Педесет и тригодишниот Валверде е поранешен играч на Барселона, а минатата сезона мина на клупата на Атлетик Билбао. Освен Баскијците, ги тренираш и Валенсија, Виљарал, пирејски Олипијакос и Еспањол.

Тој е еден од надолготрајните тренери на Билбао, клубот со кој по 31 година го освои во2015 година Купот на кралот победувајќи ја во финалето токму Барселона. Со Еспањол, градскиот ривал на Барса, играше и загуби во финалето од Лига Европа, а со Олимпијакос има освоено три титули и два купа во Грција.

Според неофицијалните извори, Валверде потпишал двегодишен договор, а првиот официјален ме ќе го има во август кога во шпанскиот Суперкуп ќе се соочи со Реал Мадрид. Претходно екипата ќе ја води на подготовки во САД, каде што ќе игра со Реал, Манчестер Јунајтед и Јувентус.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.