Валверде со порака до Кутињо: Треба да се избориш за место на теренот

71

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде имаше што да каже на адреса на својот фудбалер Филипе Кутињо по неочекуваниот пораз од 1: 2 од Леванте во осминафиналето од Кралскиот куп. Стратегот навести дека бразилскиот репрезентативец не се чувствува среќен во моментов поради ретките минути кои ги добива на теренот и го советуваше да се бори за своето место.

26-годишниот Кутињо пристигна на Камп Ноу пред една година и го постави рекордот за најскап трансфер во клупската историја (со цена од 120 милиони евра, која потенцијално може да порасне до 160 милиони). Гостувањето на Леванте во првиот осминафинален дуел ги намали шансите за титула на тимот од Барселона. Токму Кутињо беше човекот кој ги зачува надежите на Барса за реваншот, со гол од пенал во 85-тата минута.

Проблемот за него е што медиумите се повеќе ја пласираат тезата дека раководството не е задоволно од настапите на Кутињо и се подготвени да го продадат, со што ќе го финансираат враќањето на Нејмар од Пари Сен Жермен.

Валверде до овој момент избегнува конкретни одговори на темата, изразувајќи задоволство од претставувањето на Кутињо против тимот од Валенсија, но сепак упати порака кон поранешниот ас на Ливерпул. „Кога Дембеле не игра, сите ме прашуваат за него. Сега Дембеле игра, а Кутињо не, па се случува токму спротивното”, изјави тренерот.

Кога не играш и не си среќен, треба да се бориш, за да ја промениш ситуацијата. Овој меч му беше можноста. Кутињо е одличен играч од кого очекуваме уште повеќе. Јас постојано го кажувам истото за Дембеле. Прашањата почнаа да се повторуваат, а само имињата се менуваат, заклучи Валверде.

Skin Delight