Валверде: Тешко да го повториме резултатот од купот

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, ги сподели своите очекувања од претстојниот натпревар од 26-тиот круг од шампионатот на Шпанија против Реал Мадрид.

„Играме за бодови. Ова е различен натпревар од оној во средата во купот. Ќе биде тешко да се повтори таков резултат на две средби по ред. Сепак, ние ќе се обидеме да победиме, бидејќи тоа Реал ќе биде морален удар и губење на шансите за трофејот, бидејќи тоа е нашиот директен конкурент. Ќе биде тешко. Сфативме колку е тешко да играме овде, но ќе се обидеме“, изјави Валверде за шпанските медиуми.

Барселона во средата го совлада Реал во сред Мадрид со 3:0 во реваншот од националниот куп, откако првиот дуел на „Камп Нои“ заврши 1:1.

Тренерот на каталонскиот клуб одби да говори за евентуална оставка на предводникот на Реал, Солари.

„Не сакам да зборувам за тоа. Не ми се допадна во кој момент беше отпуштен Лопетеги. Не ми се допаѓа кога тоа се случува со моите колеги“, изјави Валверде.

„Ел Класико“ ќе се игра во сабота вечерта на „Сантијаго Бернабеу“ од 20,45 часот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.