Валверде: Успесите на Барса се должат на голманите

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, го пофали голманот на тимот, Јаспер Силесен, кој направи значајни одбрани во синоќешната победа над Севиља со 6:1 во Купот на Шпанија.

Холанѓанецот на феноменален начин реагираше на ударот на Силва, а подоцна го одбрани пеналот на Евер Банега при резултат 1:0 за неговиот тим.

Многумина зборуваат за офанзивата моќ на Каталонците, но тренерот на тимот ги гледа работите од друг агол.

– Имаме двајца одлични голмани. Јаспер е на највисоко светско ниво, а ние имаме среќа да го имаме во нашите редови. Голем дел од нашиот успех се должи на нашите голмани, рече Валверде по синоќешниот пласман во полуфиналето на Кралскиот куп.