Ван Дајк: Одлуката да се преселам во Ливерпул беше вистинската

Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, зборуваше за трансферот во клубот од Мерсисајд.

– Пред да направам избор во корист на Ливерпул, проучував сè за клубот – стилот на игра, соиграчите, перспективите. Градот, навивачите, сето ова е важно кога се префрлате во друг тим. Мислам дека одлуката да се преселам во Ливерпул беше вистинската и, се разбира, да се стигне до финалето во Лигата на шампионите по неколку месеци беше огромен бонус и ми помогна многу во развојот, истакна Ван Дајк.

Тој во Ливерпул дојде од Саутемптон во јануари 2018 година.