Ван ден Берг: Ако некој е поврзан со ВМРО, грубо апсење, aко е со СДСМ без лисици и со домашен притвор

Холандскиот експерт за Балканот, Ханс ван ден Берг, вели дека во Македонија има двојни стандарди при апсењето на лица блиски до власта и на опозицијата, коментирајќи го приведувањето и одредениот куќен притвор за поранешниот генерален секретар Драги Рашковски

-Македонската историја се повторува (т.е. Драги Рашковски ја копира Катица Јанева): изобилство докази; обвинувањата долго време се игнорираат; на одмор (Грција/Мексико) пред да бидат поканети на суд/уапсени, без лисици, а потоа испратени во домашен притвор. Лекција за Рашковски: Јанева е во затвор со години. Ако некој е поврзан со ВМРО наместо со СДСМ, дури и откако бил притиснат за пари од СЈО и партнери (Камчев) и политички инженеринг со СДСМ (Мијалков): грубо апсење, лисици, затворен пред да биде осуден. Некои (Чавков) во затвор со децении (за ‘тероризам’). Двојни стандарди, коментира Ван ден Берг на Твитер.