Ван дер Сар: Де Хеа не е незаменлив

33

Прославениот холандски голман кој во кариерата со успех бранеше за Манчестер Јунајтед, Ајакс и Јувентус, Едвин ван дер Сар упати предупредување до Давид Де Хеа посочувајќи дека тој не е незаменлив.

Шпанецот се уште размислува дали да го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед, а ван Дер Сар посочи дека тој може да биде заменет доколку се одлучи да си замине од „Олд Трафорд“.

– Мора да донесат одлука. Веќе помина многу време, мора да каже „да“ или „не“. Но, јас не сум директор на Манчестер Јунајтед и не можам да кажувам што ќе се случува. Други голмани можат да ја пополнат празнината. Има неколку голмани во Премиер лигата кои може да напредуваат. Јас имав 34 години кога заминав во Јунајтед, па има многу можности за замена на Де Хеа, – јасен беше холандскиот поранешен голман сегашен спортски директор на Ајакс.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.