Ван Дер Варт: Пандев е како Јохан Кројф за Македонија

Рафаел Ван дер Варт предизвика бура во Шпанија со својата изјава која ја даде за играта на тимот кој го предводи Луис Енрике, став со кој изнуди доста нервозни реакции од страна на Коке и Бускетс кои се дел од актуелниот состав на „црвената фурија“.

Поранешниот холандски репрезентативец се најде во прв план поради бруталниот коментар за лошата игра на Шпанците и ги посака нив за противници на својата селекција, но сега познатата телевизија „НОС“ ја пренесе и неговата изјава во живо од студиото од мечот меѓу Холандија и Македонија.

Горан Пандев на својот последен меч во репрезентацијата беше испратен со сите почести и во убавата церемонија на теренот се вклучија и Холанѓаните, а Ван Дер Варт најверојатно го дал и најдобриот коментар од оваа земја за фудбалската големина и величина на фудбалерот од Струмица.

Весли Снајдер со многу емоции му даваше стоечки овации на Пандев додека овој го напушташе теренот, а според Ван Дер Варт, Гоче има големина како Јохан Кројф за македонски услови.

– Тоа што го видовме со Пандев на теренот беше одлично. Тој е како Јохан Кројф за Македонија. Емоции и солзи во очите, навистина е убаво да се испратат такви играчи на ваков убав начин, – изјавил Ван дер Варт во студиото на „НОС“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.