Ван Дијк: Сакам да бидам легендата на Ливерпул!

Дефанзивецот на Ливерпул – Виргил ван Дијк, изјави дека сака да стане легенда на клубот. Тој се приклучи кон тимот во јануари 2018 година и изигра 54 натпревари, на кои постигна 2 гола и 2 асистенции.

„Имаме одличен тим, сите се стремиме кон големи успеси. Сакам да бидам легенда на овој клуб. Во моментов сме едно семејство со сите играчи”, изјави Холанѓанецот за BBC. Тој го пропушти првиот меч од осминафиналето во Лигата на Шампионите против Баерн Минхен (0: 0).

Кога бев на 16 години бев многу низок и не можев да играм како централен дефанзивец. На 17 години, сепак пораснав со 18 сантиметри и тоа ми помогна многу. Имав и некои проблеми со колената. Имав доста тешкотии во животот, вели Ван Дијк.

Кога отидов во Гронинген, си земав велосипед. Таму ги учев децата да возат велосипед и тоа беше мојата прва плата. Потоа чистев чинии во ресторан во Бреда, што беше и мојата прва работа, додава Холанѓанецот.

Имав околу 350 евра секој месец. Сакав да имам пари, за да можам да одам во центарот за време на викендите. Да излегувам со пријателите. Тогаш сфатив колку се вредни парите, бидејќи пред тоа бесцелно трошев. Дојде и најтешкиот момент во мојот живот – останав 13 дена во болница поради скршен апендицитис. Ја пуштав „Viva la Vida” на Coldplay, за да се мотивирам. Тоа беа емоционални моменти. Горд сум што ги надминав, додаде Ван Дијк.