Ван Гал од среда нов менаџер на Манчестер Јунајтед

Ако им се верува на англиските медиуми, тогаш актуелниот селектор на фудбалската репрезентација на Холандија, Луи ван Гал, во среда и официјално ќе биде претставен како нов менаџер на најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, тимот на Манчестер Јунајтед.

Поранешниот предводник на Ајакс, Барселона и Баерн (М) треба да потпише 4-годишен договор со клубот од “Олд Ттрафорд”, а таквиот договор му гарантира годишна плата од најмалку 7 мил. фунти.

Прв помошник ќе му биде поранешниот репрезентативец на Холандија и напаѓач на Ајакс, Милан и Барселона, Патрик Клајверт.
Трофејниот холандски стручњак веќе побарал од клупските челници под итно да испратат официјална понуда за стандардните првотимци во дресот на Борусија од Дортмунд, Марко Ројс и Матс Хумелс, а понуда не помала од 25 мил. фунти ќе биде испратена и за стандардниот првотимец во дресот на Баерн (М), Тони Крос.