Ван Гал се уште жали по Тим Крул

Селекторот на Холандија, Луи ван Гал, уште еднаш повтори дека не бил во можност да му даде нова шанса на резервниот голман, Тим Крул кој сигурно ќе имал подобри интервенции во пенал-рулетот против селекцијата на Аргентина.
“Да можев да го уфрлам Крул, ќе го сторев тоа. Како и да е, Јанмат и Класи влегоа на терен, а ван Перси одмораше. Турнирот за нас беше одличен, сите имаат таков впечатокот. Се покажавме во добро светло, му паритавме на ова големо друштво, составено од врвни селекции. Го победивме Мексико, ја елиминиравме Костарика, додека Аргентина има тим кој е составен од врвни фудбалери. Бевме подобри од противникот во полуфиналниот дуел, бевме подобри се до пеналите”, изјави Ван Гал.
Кога е во прашање денешниот натпревар за третото место, новиот менаџер на англискиот гигант Манчестер Јунајтед изјави дека не го менува веќе дефинираниот став дека без потреба се игра натпреварот за третото место.
“Бразил е одличен, ќе се подготвува и подобро ќе влезе со мотиви да победи. Дуелот за трето место е без потреба, сите го слават шампионот. Еден тим ќе го поправи впечатокот“, изјави ван Гал.