Ванг: Кина ќе ги заштити интересите на Пакистан на светската сцена

24
Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина

Кина е вознемирена од тензичната ситуација помеѓу Индија и Пакистан поради, изјави денеска шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји.

– Кина продолжува да го поддржува Пакистан во заштитата на неговите законски права и интереси и исто така ќе се залага за праведен однос кон Исламабад на меѓународната сцена, посочи Ванг на средбата со пакистанскиот министер за надворешни работи Шах Махмуд Куреши.

Куреши е во дипломатски мисија во Кина со оглед на влошената состојба на мирот и безбедноста во регионот, по одлуката на Индија да му го одземе автономниот статус на сојузната држава Џаму и Кашмир.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.