Вангеловски со категоричен одговор до Антикорупциска: Судиите се независни

74

Јово Вангеловски и порачана антикорупционерите дека неговите судии се независни и не паѓаат на надворешни притисоци и сами си одлучуваат дали ќе се изземат. Вчера Антикорупциска комисија го предупреди дека судир на интереси е ако тој и судиите од Врховниот суд предложени за разрешување носат решение со кое ќе си се спасат самите себеси, Вангеловски им одговори преку кусо соопштение.

„Судиите се раководат од законски предвидените основи за изземање, вклучително и субјективниот тест, односно дали судијата смета дека постојат околности кои предизвикуваат сомневање во неговата непристрасност“, изјавија од Врховен суд.

„Во досегашната пракса судиите кои постапуваат по конкретни предмети, секогаш се изземале во постапки во кои постоеле причини за изземање, вклучително и во постапки по предмети за кои се одлучувало на Општа седница, при што не подлегнуваат на било какви надворешни притисоци“, сенаведува во соопштението на Врховниот суд.

За девет судии од Врховен, меѓу кои е и Вангеловски, има предлог за разрешување до Судскиот совет. Од друга страна, Вангеловски планира неговите колеги да донесат начелно правно мислење со кое ќе може да куртулат од разрешување.

Планот оди по следниот тек. Двајца адвокати побарале судиите од Врховен да му наложат на Судскиот совет да работи по новиот Закон за судови со кој судиите при постапки за одговорност можат да поминат полесно. Односно да важат поблагите мерки кои даваат можност судијата при тешка дисциплинска повреда да може и да не биде разрешен.

Или во превод, дури и ако некој од нив е разрешен ќе може да си се жали и сам да си одлучува дали ќе биде разрешен, бидејќи жалбата завршува на нивното работно место – во Врховен, каде што, пак, се очекува да си го изгласаат начелното мислење.

За Вангеловски и уште четворица негови колеги речиси две години Судскиот совет води постапка за да утврди одговорност за пуштањето од притвор на бизнисменот Сеад Кочан.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.