ВАР во Лигата на шампиони од следната сезона

УЕФА и официјално одлучи Видео системот за асистенција на судиите (ВАР) да се користи во натпреварите од Лигата на шампионите од следната  2019/2020 сезона. Ова го потврди и претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

Имаме доволно време да го спроведеме овој робусен систем и да ги обучиме судиите за неговата употреба. ВАР се покажа како исклучително успешен досега, коментираше Чеферин.

Тоа нема да биде се, бидејќи  од сезоната 2020/2021 ВАР ќе се користи во Лигата на Европа, а од 2021/2022 и во финалето на Лигата на нациите.

ВАР технологијата беше во употреба на неодамнешното Светско првенство во Русија, а се користи во сите најсилни лиги во Европа Ла Лига, Бундеслига, Серија А, и Лига 1, освен во англиската Премиер лига каде се применува експериментално.