Варадкар: ЕУ има предност во преговорите со Велика Британија за Брегзит

Премиерот на Ирска, Лео Варадкар во интервју за Би-Би-Си изјави дека Европска Унија ќе има предност во преговорите за подготвувањето на трговскиот договорот со Обединетото Кралство.

Варадкар ги спореди двете страни во преговорите со фудбалски тимови, истакнувајќи оти ЕУ била „посилниот“ тим поради поголемиот пазар и побројното население.

– ЕУ е заедница од 27 земји-членки. Велика Британија е само една страна. И ние имаме пазар и население од 450 милиони луѓе, посочи Варадкар.

Тој во исто време упати критика и до рокот поставен од британскиот премиер Борис Џонсон за подготвување на трговскиот договор до крајот на 2020 година.
Исто така Варадкар изрази сомневање дека Брисел и Лондон ќе постигнат договор до крајот на 2020 година.

– За да се склучи трговскиот договор, Велика Британија треба да даде гаранции дека нема да ја поткопува трговијата со ЕУ, посочи Варадкар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.