Варадкар: Време е Британија да даде конкретни предлози за Ирска

Дојде време Велика Британија да изнесе конкретни предлози за границата со Ирска во рамките на Брегзит, но Даблин прво ќе почека да види како ќе помине „нестабилната“ недела во британскиот Парламент. Тоа го изјави денеска ирскиот премиер Лео Варадкар.

Тој рече дека алтернативите на ирската политика бекстоп, предложени досега, ненаметливо ќе ги олеснат контролите на границата што во моментов се неограничени и дека, иако тоа е подобро од ништо, тоа не е исходот што Ирска го посакува.

– Но, јас сум трпелив и има уште време до 31 октомври и ќе разгледаме секакви предлози што британската Влада ги поставува, рече Варадкар.

Тој додаде дека неговата канцеларија работела на два можни датума за да се сретне со британскиот премиер Борис Џонсон следната недела.