„Вардар 1961 “ ќе остане без право на ваучер?

Агенцијата за млади и спорт годинава нема да му додели ваучер на ракометниот клуб Вардар кој понатаму инаку би можел да го претвори во пари преку некоја компанија која за возврат нема да плати данок за истата вредност.

Проблемот е во тоа што со превземањето на Вардар од Ватростална, за да се избегнат долговите кои се наследија со заминувањето на рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко, формиран е нов субјект „Вардар 1961 “

Со тоа поранешниот двократен европски шампион нема да може да го исполни критериумот две години по ред да учествува во системот на натпреварувања.

АМС најави дека на следната седмица ќе го објави списокот на спортски колективи кои ќе добијат ваучери, а медиумите веќе објавија дека на истиот не се црвено-црните.