Вардар ќе настапи на „Хумел Купот“ во Германија

Македонскиот ракометен шампион Вардар дефинитивно ќе настапи на „Хумел Купот“ кој на 21 и 22 август ќе се одигра во Гермнија.

Домаќин на турниорот ќе биде Магдебург, а меѓу останатите учесници се Горење (Словенија) и на Хослтебро (Данска). Се работи за полуфинале и финале со тоа што доправа треба да се одредат паровите за битките.

„Црвено-црните“ освен на овој турнир треба да играат и во Струга, а не се исклучува и можноста за дополнителни контролни средби пред четвртфиналето во СЕХА лигата.

Вардарци ќе ги запалат моторите на 15 јули во Скопје каде ќе работат неколку дена пред да заминат на Златибор.