Вардар ги потврди двете последни засилувања Јагуриновски и Јотиќ

27

Екипата на Вардар 1961 денеска ги потврди и промовираше двете последни засилувања за наредната сезона, а тоа се бековите Томислав Јагуриновски и Ловро Јотиќ.

Ова за Јагуриновски кој ја покрива десната бековска позиција ќе биде враќање во Вардар по пауза од неколку години. Тој потпиша двегодишен договор и во „црвено-црните“ ќе го носи дресот со број четири.

Јотиќ пак во Вардар доаѓа од Еурофарм Пелистер со тоа што тој требаше во наредната кампања да игра во Бенфика, ама пандемијата со коронавирусот ги расипа плановите на клубот од Лисабон, па Ловро дојде во Скопје.

Хрватот игра како среден бек и треба да претставува силно оружје за Вардар од надворешните позиции. Јотиќ во новата средина ќе го носи дресот со број 18.

Само да потсетиме тимот од нашата престолнина освен со Јагуруновски и Јотиќ се засили со Патрик Валчак, Робин Кантегрел, Анте Гаџа и Јосип Векиќ, Гоце Георгиевски Филип Талески и Марко Вујин.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.