ВИДЕО: Вардар го елиминира европскиот ракометен шампион

Ракометарите на Вардар се пласираа во 1/4 финалето во Лигата на шампионите, откако во 1/8 финалето го елиминараа бранителот на титулата Хамбург. Вардарци во реваншот на гостински терен славеа со 30:29 (17:15).

Црвено – црните уште на почетокот од натпреварот јасно му дадоа до знаење на германскиот тим дека немаат намера без борба да му го препуштат пласманот  меѓу  осумте најдобри во Европа.  Избраниците на тренерот Раул Гонзалез Гутиуерез,  водеа во поголемиот дел од натпреварот, а во 45 минута го имаа и најголемото водство од пет голови разлика (26:21).

Во последните 15 минути Хамбург се обиде да ја анулира негативата, но цврстата одбрана на македонскиот шампион и избонредниот Петар Ангелов на голот , не дозволија  да падне во вода се што трпеливо градеа во  поголемиот дел од мечот. На крајот Вардар заслужено се радуваше на победата и пласманот  меѓу најдобрите осум тимови во Европа.

Капитенот Филип Лазаров, одигра маестрален натпревар и заедо со Алекс Душебаев, беа најефикасни на натпреварот со по 6 голови , а Ангелов блескаше на голот со 15 интервенции.