Вардар го мина Сегед, по трет пат на Ф4

Ракометарите на Вардар третпат се пласираа меѓу најдобрите четири екипи во европскиот ракомет, откако ја сочуваа предноста од првиот натпревар со Пик Сегед. Иако „црвено-црните“ загубија со 25:29, третпат во историјата, третпат по ред ќе играат во фајнл фор.

Пик Сегед имаше навидум невозможна мисија да стигне минус од осум гола. Ги стигна уште во првиот дел. Играа ѕверски унгарските играчи, Вардар беше фатен на спиење, не можеа да се врзат редовите, не фаќаа ништо голманите, а Бомбач решеташе од сите страни.

Неверојатно, но ПИК Сегед водеше 17:9 на полувреме.

Во вториот дел, Вардар влезе како навистина да е 0:0, и како да игра пред празни трибини, а не пред исполнетата сала во Сегед. И решен да покаже кој е кој.

Столе Стоилов беше играчот од каде што тргна промената. 25:17 водеше Сегед во 42 миннута кога Вардар влезе во серија. Него не можеа да го запрат Унгарците. Потоа се појави на сцената и Игор Карачаиќ. Разликата на Сегед од девет стана седум, потоа Криштопанс погоди, потоа Милосављев почна да брани и разликата се намали на само три разлика.

Последните минути Сегед повторно се загуби. Дури и ветерани како Кањељас во клучни моменти направи почетнички чекори и го испрати Вардар во Келн.

29:24 водеше Сегед во 57 минута, на Вардар му требаше само уште еден гол.. Иван Чупиќ, погоди празен гол 25:29 и тоа беше дефинитивен крај за Сегед.

Извор: Г-спорт