Вардар го „нанижа“ и Рајн Некер

Ракометарите на скопски Вардар, и покрај неповолните прогнози пред почетокот на сезоната, и во саботата во својата сала „Јане Сандански“ со победата од 29:27 над силниот и амбициозен Рајн Некер Ловен во дуелот кој беше прогласен за дерби на четвртото коло од ракометната Лига на шампионите, покажаа дека се максимално подготвени за највсоки дострели и годинава.

Ова беше четвртата победа на Вардар во исто толку дуели во Групата А од Лигата на шампионите, постигната со импресивен пресврт против Рајн Некер, кои имајќи ги предвид претходните дуели на скопскиот тим вкупно и во Сеха лигата, се покажа како најсериозен противник. Гостите во финишот на првиот дел имаа водство и од четири погодоци, но Вардар со брзите два гола на одмор замина со подносливо заостанување со 13:15.

Меѓутоа, шпанскиот стратег на клупата на Вардар, очигледно во полувремето ја прочите играта на гостите од Манхајм, па неговите рекометари уште во првата минута успеаја да ја анулираат преднота на Рајн Некер (15:15), и од тој момент домаќинот ја презема контролата над играта. На десет минути пред крајот Вардар се чини ја направи решавачката предност од три гола, со два погодока на Тимур Дибиров, кој Некер во два наврата успеа да ја симне на „минус“ еден (21:2о и 22:21) , но не и да го избегне конечниот пораз од 29:27.

Во решавачките моменти голманот Милосављев имаше неколку блескави интервенции, а на крајот од мечот впиша вкупно десет. Играч на мечот беше Тимур Дибиров кој постигна осум голови, а по четири постигнаа Карачиќ и Борозан.  Кај гостите најдобар беше Алексадер Петерсон со седум голови.

Потврдата на победничката форма на вардаровите ракометари следната седмица ќе биде на искушение кај Киелце.