Вардар го освои ракометниот Суперкуп

Ракометарите на Металург не успеаја да го повторат големото ланско изненадување кога го победија Вардар во финалето од Купот на Македонија, и во средата вечерта во Куманово во Суперкупот беа поразени со 24:26 од актуелниот македонски и европпски шамион Вардар.

Вардар доминираше во текот на целиот натпревар, а на полувремето резултатот беше 16:10 во полза на „црвено-црните“. Доминацијата продолжи и во вториот дел, Вардар имаше предност од 26:19  а во последните седум минути шампионот не постигна гол, Металург со серија од 5:0 се избори за сосема поднослив пораз к, 26:24.

Горбок и Дибиров постигнаа по шест гол, Калараш даде четири, кај Металург Додиќ беше најефикасен со пет, Јагуриновски постигна четири.

Ова е прв трофеј за тренерот Давид Писонеро со Вардар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.