Вардар и Еурофарм Пелистер ja продолжуваат битката за титулата

Вечерва беа одиграни три натпревари од претпоследното 13. коло во македонската машка ракометна Суперлига.

Еурофарм Пелистер ја оправда фаворитската улога, па без поголеми проблеми со резултат од 23-31 успеа да дојде до победа против Еурофарм Пелистер 2.

Најефикасен кај победникот беше Периќ Јосип кој зад своето име запиша единаесет, додка кај домаќините се истакна Мирчевски Симон со шест гола.

„Црвено-црните“ обезбедија победа на гости против незгодниот РК Пролет, па на овој начин ја продолжија битката за првото место во домашното македонско првенство. Вардаровите ракометари рутински го одиграа вториот дел од натпреварот, па не дозволија било какво изненадување, обезбедувајќи победа со резултат од 22-28.

Најефикасни кај гостите беа Гоце Георгиевски со седум и Иван Чупиќ со осум погодоци, додека кај гостите се истакна Аларов Михаил запишувајќи пет гола.

Металург беше очигледно мотивиран во мечот против Бутел од Скопје, па домаќините остварија голма и значајна победа од 36-35 со која го обезбедија четвртото место кое што им донесе билет за пласман во Европа следната сезона. Кај Металург без конкуренција одиграа Златко Хорват и Калуџеровиќ Василије кои запишаа десет погодоци, додека кај гостите најдобар стрелерц беше Мојсовски Златко со девет гола.