Вардар и Мотор Запорожје во Виена ќе договараат за кого следната сезона ќе настапува Калараш

Освен што на 27-ми во Виена европскиот шампион ќе ги дознае противниците во групната фаза од Лигата на шампионите, ќе има и уште една задача, а тоа е да постигне договор со претставниците на Мотор Запорожје околу Глеб Калараш.

Ситуацијата околу Калараш е добро позната. Русинот сака да остане во Скопје, тоа го знаат и луѓето од Запорожје кои би го пуштиле Глеб, ако најдат заеднички јазик со претставниците на Вардар токму на 27-ми.