Вардар испушти триумф против Розенборг

(фото: fkvardar.mk)

Фудбалерите на македонскиот актуелен шампион Вардар во четвртокот вечерта во шестото коло од Групата Л на домашен терен го освоија првиот исторски бод во фазата по групи од Лига Европа, откако пропуштија можност да го совладаат Розенборг и одиграат 1:1 (1:1).

Во последното коло на збогувањето од Лига Европа, Вардар го одигра својот најдобар натпревар во групната фаза. Беа создадени бројни шанси, но македонскиот шампион не ги искористи, а дозволи противникот лесно да дојде до изендачувањето.

Вардар одлично влазе во натпреварот, и веќе во 9 минута поведе со, откако Демири нафрли до Николов кој со гради спушти до Итало кој рутинирано ја смести топката во мрежата на Розенборг. Следуваа неколку големи шанси за Вардар преку Итало, кога во првиот обид голманот Хансен среќно одбрани, а во следната прилика Бразилецот ја погоди стативата.

Вардар доминираше на теренот, но пред самиот крај на првото полувреме по една грешка на средината од теренот и лесно загубена топка на што следеше непромислен потег на Гачевски кој го фаулираше Адегбенро судијата покажа на белата точка, а Бендтнер беше прецизен и изрмани.

По шест минути игра во вториот дел, Фелипе од слободен удар имаше можност, но биеше за малку над голот. Во 75 минута повторно Фелипе нафрли од слободен удар, Новак биеше со глава, голманот Хансен со крајни напори спречи ново водство на Вардар. До крајот на мечот Вардар се обидуваше да дојде до победата, но не успеа уште еднаш да ја затресе мрежата на Розенборг.

Вардар со еден бод го заврши првиот историски настап во Лига Европа. Натпреварувањето во овој формат Вардар го започна со катастрофалните порази, но се чини дека во прв ред тоа се должи на неискуството на неговите фудбалери во европските натпреваеувања.