Вардар ќе ја брани титулата во ЛШ против Барселона и Лазаров, Металург во групата Д

Македонскиот и европски ракометен шампион Вардар во следната сезона во Лигата на шампионите ќе игра во Групата А во којашто ривали ќе му биде меѓу другите и шпанскиот гигант Барселона која ја елиминираше во годинешново полуфинале на завршниот турнир во Келн, одлучи ждребот одржан во петокот вечерта во Љубљана, додека вториот македонски претставник Металург ќе има деликатна задача во Групата Д.

Во групата на Вардат уште се и Рајн Некар Левен, ППД Загреб, Орлен Висла Плок Пик Сегед, Кристијанштад и единствениот клуб со кој се нема сретнато досега Нант за кого во новата сезона ќе настапува капитенот на македонската селекција Кирил Лазаров.

Пласманот во осиминафиналето ќе го изборат првите шест екипи од групите А и Б, и по двете најдобри во групите Ц и Д.

Натпреварувањето по групите започнува на 13 септември и ќе трае до 4 март следната година.

Лига на Шампиони по групи:

Група А: Вардар (Македонија), Барселона (Шпанија), Рајн Некар Левен (Германија), ППД Загреб (Хрватска), Висла Плок (Полска), Нант (Франција), Пик Сегед (Унгарија) и Кистијанштад (ШВедска);

Група Б: Веспрем (Унгарија), Киелце (Полска), ПСЖ (Франција), Алборг (Данска), Мешков Брест (Белорусија), Цеље ПЛ (Словенија), Фленсбург (Германија) и Кил (Германија);

Група Ц: Адемар Леон (Шпанија), Скјерн (Данска), Горење Велење (Словенија), Шафхаузен (Швајцарија), Динамо Букурешт (Романија) и Елверум (Норвешка);

Група Д: Металург (Македонија), Морот Запорожје (Украина) Монпелје (Франција) Бешикташ (Турција), Чеховски медведи (Русија) и квалификант.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.