Вардар минимално го совлада Металург во првата битка за титулата

Македонскиот ракометен шампион Вардар ја доби првата битка за титулата во домашнто првенство против најголемиот ривал Металург.

Избраниците н атренерот Раул Гонзалез Гутиерез славеа минимално на домашен терен со 25:24 (15:14).
Двата тима одлично го одиграа првото полувреме, а “црвено-црните” благодарение на голот на Алекс Душебаев во последната секунда од полувремето на одморот заминаа со предност од еден гол.

Вовторото полувреме Вардар во 38 минута ја направи најголемата предност, поведе со четири голови разлика (20:16). Од овој момент Вардар и Металург по двапати го погодија противничкиот гол за 22:18, по што двете екипи немаа постигнато гол девет минути.

Во последните десет минути Вардар ја прокоцка предноста од четири голови, а тимот од Автокоманда успеа да се избори за пораз кој ветува дека во ревншот на 8 мај во Автокоманда, можат да стигнат до титулата.

Најефкасен во победничкиот тим беше Дибиров со 7 голови, додека во Металург најмногу се истакна Вугринец со 10 голови.