Најтрофејниот македонски фудбалски колектив Вардар може да жали што со 11 бнодови не замина на зимската пауза, откако во неделата на со големиот ривал тетоска Шкендија, двапати беше во водство, но на крајот одиграа само 2:2, со што ја задржаа предноста од осум разлика.
„Црвено-црните“ ја завршија есента со 36 бода, односно осум повеќе од Шкендија и со предност ќе го почнат пролетниот дел од сезоната следната година.
А, Вардар денеска поведе во 20. минута со гол од пенал на Мицевски. Мицевски погоди во горниот лев агол, неодбранливо за водство. Сепак, Шкендија израмни по една грешка. Преку Омар Имери дојдоа до „симетрија“. Вардарци имаа шанса преку Жуниор да дојдат до втор гол во првиот дел, но неговиот удар го одбрани Захов.
Фудбалерите на Ренова со неверојатен пресврт успеаја да дојдат до победа од 4:3 против Работнички во последното есенско коло од Првата македонска фудбалска лига, откако до 60 минута имаа негатива од два гола, а потоа во последниот половина час со три погодоци успеаја да стигна до повеќе од значаен триумф.
Работнички поведе во 24 минута преку Иван Марковиќ, Гафури брзо израмни, но потоа следеа два гола на Петар Петковски за 3:1 за тимот до скопскиот Градски парк. В0 60 минута за гол предност за Работнички погоди Илири Адеми, а во 62 минута израмни Бојан Миовски. Голот за победа го постигна Ремзифаик Селмани во 76 минута од средбата.
Силекс – Академја Пандев 3:1
Струга Трим Љум – ФК Борец 1:1
Ренова – Работнички 4:3
Шкупи – Македонија Ѓ.П. 2:3
Вардар – Шкендија 2:2.