Вардар немаше сили да го загрози Монпелје

12

Ракометарите на Вардар одиграа во саботата во „Јане Сандански“ добар натпревар, но кусата клупа со квалитетни играчи беше главната причина за домашниот пораз од 27:31 од  Монпелје.

Вардар во мечот влезе одлично и на почетокот поведе со 5;1, но како одминуваше натпреварот Монпелје се враќаше и на полувремето отиде со гол предност 14:13.
Во второто полувреме Монпелје дојде до предност и од највисоки пет разлика 28:23, но со серија од 4;-0 Вардар дојде на само еден негатива 27:28. Сепак во финишот Вардарци направија три грешки во додавањата и примија три гола за конечна победа на Монпелје од 31:27.
Стојанче Стоилов со седум голови беше најдобар поединец кај Вардар, одлична партија имаше и Горбок со шест гола, Чупиќ даде пет, Дибиров четири.
Вардар настапот во групната фаза го заврши на шестото место со 11 бодови и во осминафиналето најверојатно ќе игра против ПИК Сегед.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.